Баша побара од албанските граѓани да ги бојкотираат изборите

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила,Демократската партија, Љуљзим Баша, ги повика албанските граѓани да ги бојкотираат локалните избори на 30 јуни,додавајќи дека избори нема да бидат признати.
Тој ги повтори,како што рече, двата силни услови на опозицијата за надминување на кризата, а тоа е казна за крадците на гласови и заминувањето на премиерот Еди Рама.
Според него најдобар начин да се забрза падот на Еди Рама е негово напуштање на функцијата.
-Напуштете ги неговите олигарси, неговите медиуми и политички слуги. Кренете го гласот против нив. Протестирајте против нив. Спречете ги.Не и верувајте на пропагандата на Еди Рама,на неговите лаги,не бидете дел од неговите банални престави,кои тој ги произведува на митинзите. Отфрлете го Еди Рама,неговите бизнисмени арамии, неговите кримналци кои се околу него. Отфрлете го Еди Рама морално, духовно и прес се политички,- побара Баша од албанските граѓани.
Посочи дека за да излезат на избори се врши невиден терор кон граѓани, вработени во админстрацијата, малиот бизнис или други дејности од страна на „ инспектори,полицијата или другите слуги на Еди Рама“.
-Ве повикувам да го направите вашето со неучество на изборите. Ве уверувам дека крајот на Еди Рама е блиску. Ве уверувам дека Албанија има можности и сила да излезе од амбисот каде што падна и да почне да гради достојна иднина, како и секоја друга европска земја. Ние сме мнозинство. И ние сме посилни од злото, порача лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша до албанските граѓани.
Ново на Сител
-

За 24 часа уапсени 5 возачи, четворица возеле без дозвола, додека една жена пијана предизвикала две сообраќајки
-

Пронајдена и казнета жената што со Порше фрлаше ѓубре во Лепенец – казнета и за непрописно паркирање
-

Викендов пресврт на времето, дожд и грмежи, потоа пад на температурите
-

Дедо од Кавадарци пронашол паричник па си пазарел со картичката како да е негова
-

Судење за „Пулс“: Дејан Јованов не ја дал на увид лиценцата за работа, а пристапот бил блокиран од возила
-

35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
-

Вештачката интелигенција почнува да „делува сама“: OpenAI откри шест опасни случаи
-

На ГП Табановце промовиран системот на телесни камери за царинските службеници
