-->
-->
Бартомеу: Барселона сака да продолжи да игра во шпанската Лига
-->

Претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, денеска потврди дека клубот сака да продолжи да игра во Ла Лига, дури и ако Каталонија добие независност од Шпанија.
Бартомеу претходно изјави дека членовите на клубот ќе можат да помогнат за иднината на Барселона, но на годишната средба, претседателот беше јасен во врска со неговата најпосакувана опција.
- Взаемно е корисно за Ла Лига и Барселона таа врска да продолжи... Може да бидете сигурни дека овој одбор секогаш ќе делува во одбраната на клубот, нагласи Баромеу.
- Ние никогаш нема да го ставиме клубот во некоја опасност. Затоа... велам дека сакаме да продолжиме да играме во Ла Лига и, од денес, нашето учество во Ла Лига е загарантирано, додаде тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
