-->
-->
Барселона втора година по ред остана без пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите
-->
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона вторпат по ред не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Вчера Интер ја победи Викторија Плзен (4:0) и им ја одзеде шансата на Каталонците да се издигнат над третото место во групата Ц. Барселона заостанува шест бода зад Интер.
Шпанскиот клуб може да се изедначи со италијанскиот клуб по бодови, но во овој случај сепак ќе биде послаб во пласманот поради резултатите од меѓусебните средби.
Воедно, поразот на чешкиот тим и обезбеди на Барселона премин во 1/16 финалето од Лигата на Европа.
Минатата сезона Барселона исто така испадна од Лигата на шампионите и продолжи во Лига Европа каде стигна до четвртфиналето, во кое загуби од подоцнежниот победник на турнирот, Ајнтрахт Франкфурт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
-

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
