-->
-->
Барселона подготвена да плати 112 милиони евра за Мартинез
-->

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона има намера во своите редови да го донесе напаѓачот на Интер и аргентински репрезентативец Лаутаро Мартинез.
Според „Радио Ла Ред“ каталонскиот клуб е подготвен да плати за 21-годишниот фудбалер околу 112 милиони евра колку што изнесува клаузулата во неговиот договор со миланските „неро-азури“.
Во Барселона сметаат дека Мартинез е повеќе ветувачка опција од Мауро Икарди, со кого Интер е подготвен да се раздели.
За потсетиме Аргентинецот се преселил во Интер од Расинг во 2018 година за 22 милиони евра.
Вкупно за калчолигашот Мартинез има одиграно 35 натпревари и постигнато девет гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
