-->
-->
Барса го одреди терминот за дуелот со Вардар
-->
Екипата на Барселона го одреди терминот на одигрување на натпреварот против македонскиот првак Вардар во ракометната Лигата на шампоионите.
Мечот кој ќе носи значајни бодови во борбата за првата позиција е закажан за 14 ноември, во 19:30 часот. Тоа ќе биде натпревар од 7. коло во групата Б, а дотогаш Вардар има шанса дополнително да го зацврсти водството на табелата, во натпреварите со Рајн-Некар (в сабота), на гости кај Колдинг (18 октомври) и против Кјелце (24 октомври).
Откако ќе црвено-црните ќе гостуваат во „Палау Блауграна“ на 14 ноември, веднаш викендот потоа и Барселона доаѓа во Скопје, на 22 ноември, за возвратниот натпревар, во 8. коло.
Во моментов Вардар води во групата Б со шест бода, еден повеќе од Рајн-Некар и два повеќе од Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба