-->
-->
Барние денеска ќе поднесе оставка, Макрон ќе и се обрати на нацијата
-->

На француската влада на премиерот Мишел Барние синоќа со мнозинство гласови и беше изгласана недоверба во Парламентот, по што Барние денеска ќе поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон. Според француски медиуми, Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата.
Како што пренесува „Фигаро“, по „историското гласање за недоверба“, Барние денеска во 10 часот ќе поднесе оставка до Макрон, додека телевизиското обраќање на шефот на државата до нацијата е планирано за 20 часот, соопшти Елисејската палата.
Од опкружувањето на Макрон не прецизираа кога тој ќе назначи нов премиер, но неколку извори блиски до претседателот наведуваат дека тој има намера тоа да го направи брзо, можеби дури и вечерва, пишува денеска парискиот весник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
