Таа сега поднесе тужба против министерот за внатрешни работи Панос Скурлетис, грчкиот министер за јавен ред и цивилна заштита Никос Тоскас, кој поднесе оставка неколку дена по пожарот, локалниот градоначалник, регионалниот гувернер и поранешните челници на пожарникарските служби, полициајта и агенцијата за цивилна заштита.
Да потсетиме дека некои од роднините на сопружниците кои загинаа во шумскиот пожар недалеку од Атика минатата недела ги тужеа грчките власти, пожарникарите и полицијата поради нивната смрт. Властите може да одговараат за кривично дело убиство од небрежност, телесни повреди и изложеност која доведува до смрт, поради пожарот или она што се нарекува „библиска катастрофа“, наведено е во текстот на тужбата.
„Верувам дека тие се одговорни за заштита на луѓето, за гасење на пожарот и спроведување на мерки за претпазливост и мора да бидат осудени“, рече адвокатот Антонис Фоусас.
Во пожарот кој протатне во источна Атика, настрадаа 96 лица. Бројот на исчезнатите во огнената стихија, која речиси целосно го уништи приморскиот град Мати, официјално достигна 25, откако исчезнувањето го пријавија нивните семејства.