Џет-Сет
9. February 2016 - 13:40

Барбара ја нападна Зорица: Постигнување за мене е да не се предаде пријател ...

Зорица Марковиќ на Фејсбук ги нападна поранешните станари од куќата на Големиот брат, а конкретно ја спомна Барбара Шегетин. Ја нарече морален отпад, а спомена и афера која ја поврзува со проституција во Црна Гора со криминални ликови.
 
Но, не требаше да чекаме долго и барбара да се огласи. таа исто така на Фејсбук, објави разговор на Зорица од исповедалницата, а покрај него напишала...
 
- За мене да биде остварен значи да не се издаде пријателот, да остане човек и да покаже карактер во најсуровите и најтешките ситуации. Ве сака вашата Барбара.
Освен таа објава, покажа и дека се смирила со Стефани Баниќ и дека девојката од Сплит во последно време се повеќе се дружи со сестрите Шегетин.
 
За потсетување, во куќата на Големиот брат Барбара и Тина ја доживуваа како мајка, а со Стефани често се караа.