Loading Video...
Ракомет
7. April 2023 - 19:59

Бараж за СП: Украинскиот селектор очекува тежок дуел со Македонија (сабота 19ч)

Женската ракометна репрезентација на Македонија утре во 19ч во спортската сала Борис Трајковски го игра првиот бараж дуел со селекцијата на Украина што е историска шанса по пауза од цели 16 години да заиграме на еден мундијал. 
Секако дека и Украинките имаат своит желби кои ги претставува селекторот Виталиј Андронов. 
 
– Велат дека сме имале среќа со нашиот противник. На хартија е едно, но во реалноста сè изгледа сосема поинаку. Станува збор за искусна репрезентација која играше на ЕП, се здоби со искуство, се соочи со моќни противници. Знаеме за односот кон ракометот во Македонија. Таму тоа е религија, а државата прави се за тимовите. Оваа репрезентација е многу сериозен противник… Затоа, ќе биде многу тешко соочување во кое се ќе биде решено во последен момент – вели меѓу другото Андронов за официјалниот сајт на Ракометната федерација на Украина.
 
Македонија игра со Украина во „Борис Трајковски“ во Скопје во 19 часот в сабота (влез слободен). Реваншот се игра во Кишварда, Унгарија во вторник (17 ч). Победникот ќе се пласира на Мундијалот што се игра во ноември и декември.