Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
Се уште трае потрагата по исчезнатата Лидија Трајковска од скопското село Јурумлери, која вчера последен пат била видена во близина на автобуската станица.
Нејзината ќерка, Мартина, во изјава за „Фокус“ вели дека потргата се уште трае но и открива дека на семејството му било барано пари за возврат да добие некоја информација.
-Преку whatsapp добивме порака, ни бараа првин да уплатиме 500 евра на трансакциска сметка, а потоа откако наводно ќе ни кажеле што знаат за мајка ми, да сме уплателе уште 500 евра. Веднаш пријавивме во полиција. Според последните информации, лицето кое се обиде да изнуди пари е идентификувано и не е некој кого ние го познаваме. Ужасно е да се користи ова кое нас не снајде, како начин да се дојде до пари! Никаква емпатија, никаква човечност! Од вчера, слушнавме секакви приказни, шпекулации и нелогични претпоставки за нашето семејство. Дали побегнала со некого, дали татко ми имал друга жена во неговиот живот, луѓе кои воопшто не не познаваат си земаат за право да судат и да изнесуваат секакви тези за нас. Дали се скарале со татко ми пред да излезе, разни шпекулации, на кои ќе одговорам дека дома беше и мојата сестра, ако имало било каква кавга, сигурно дека таа ќе слушнела. Мајка ми и татко ми се разбрани и зрели луѓе, имаат прекрасен брак и сите ние живееме во љубов и разбирање, вели таа за Фокус.
Ново на Сител
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил
-
За 20% поскапува такси превозот во Скопје?
-
Лишен од слобода скопјанец поради криумчарење мигранти
-
ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на квалитетот на услугата
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест
-
Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп
-
Уште еден скандал го тресе англискиот фудбал - Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин | ВИДЕО