Барак Обама и изрази индиректна поддршка на Хилари Клинтон
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека очекува да настапи време кога децата ќе се воодушевени да научат дека имало време кога жените заработувале помалку од мажите и кога жена не била претседател на САД.
Обама овој свој став го искажа на церемонијата на која некогашното седиште на Националната партија на жените беше прогласено за национален споменик.
Како што јавија американските медиуми, веројатно чувствувајќи дека неговите зборови ќе бидат протолкувани како инсинуација дека ја поддржал Клинтон, Обама додаде дека „не знае кога ќе дојде денот кога претседателската функција ќе биде заземена од жена“.
- Кога ќе дојде тој ден тоа ќе се должи на работата на поколенија активни и општествено ангажирани граѓани, потенцира претседателот Обама.
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, истакна дека изјавата на Обама значи дека САД се подготвени да бидат управувани од жена претседател. Тој, меѓутоа, нагласи дека кандидатите ќе бидат оценувани според својата политичка програма и морални квалитети.
Клинтон се бори против сенаторот Берни Сандерс за освојување на номинацијата претседателски кандидат на Демократската партија. Во 2008 година таа загуби на првичните избори токму од Обама, но подоцна тој ја назначи за државен секретар.
Актуелниот американски претседател ја задржа својата популарност меѓу избирачите на Демократската партија и неговата поддршка, според аналиитчарите, би и помогнала на Клинтон да ги освои првичните избори.
Ново на Сител
-
САД: Државен службеник им наредил на работници да не им помагаат на гласачи на Трамп по ураган
-
Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва
-
Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува
-
Демонстрации во Тел Авив и нов повик за ослободување на заложниците, на 400-от ден од нападот на Хамас
-
Најмалку 20 загинати во израелски напад на шиитскиот град Алмати, северно од Бејрут
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор