-->
-->
ОН бараат итен пристап на хуманитарна помош до градовите во Сирија
-->
Обединетите нации денеска побараа моментален пристап до опколените градови во Сирија со цел достава на помош за цивилното население, на кое се заканува смрт од глад.
ОН на вчерашната вонредна седница на Советот на безбедност опсадата на градовите во Сирија ја оценија како варварска тактика.
- Не може да има никаква причина ниту рационално објаснување и изговор за спречување на доставата на помош за илјадници луѓе, изјави претставникот на ОН Кјунг-ва Кинг.
Околу 40.000 жители на градот Мадаја веќе со месеци живеат под опсада на поровладините сили во Сирија.
Франција и Велика Британија во четвртокот побараа итна седница на СБ на ОН со цел да се изврши притисок на завојуваните страни во конфликтот во Сирија за прекин на опсадата на градовите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани