Живот
13. January 2017 - 9:05

Банкарот изненади: Неверојатна понуда во „Се или нешто"

Дека никој не знае кога ќе му се насмее среќата во животот е доказ и последната натпреварувачка на мега-популарниот квиз Се или Нешто.
 
Младата Невена кажа која застана од другата страна на студиото, кажа дека ќе биде задоволна и со 30.000 денари и дека и требаат за патување, шопинг и постдипломски студии.
 
Сепак, студентката на Медицинскиот Факултет имаше одлична игра и си прифати неверојатни 140.000 денари. Иако оваа сума е голема, таа е ништо споредбено со тоа дека ги остави до крај 250.000 денари и милион како последни кутии.
 
Невена доби понуда од банкарот од неверојатни 580.000 денари, но за жал веќе ја прифати претходната понуда.
 
Таа во кутијата цела вечер играла со милион.