Свет
31. December 2016 - 12:32

Бан Ки-мун: Се чувствувам како „Пепелашка“, на полноќ се ќе се промени

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун по повод денешното истекување на неговиот мандат, се заблагодари на колегите за нивниот труд и посветеност за време на претседавањето со ОН во последните 10 години. 

Бан Ки-мун се пошегува додека го напушташе седиштето на ОН, последен пат како генерален секретар, дека се чувствува како „Пепелашка бидејќи на полноќ се ќе се промени“. 

Тој неговата последна церемонијална должност, пред крајот на мандатот на чело на светската организација, ќе ја изврши на дочекот на Новата година во Њујорк. 

- Милион лица ќе гледаат како ја губам работата, истакна со широка насмевка на лицето Бан Ки-мун, кој една минута пред полноќ ќе го започне спуштањето на познатата „Вотерфорд“ кристална топка, со што ќе започне одбројувањето до почетокот на 2017 година. 

Се шпекулира оти Бан Ки-мун се враќа во Јужна Кореја со цел да се кандидира за претседател на земјата.