-->
-->
Бан: Европа треба повеќе да се ангажира за бегалците и мигрантите
-->
Генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун денеска апелираше до европските земји повеќе да се ангажираат за стотиците илјади бегалци и мигранти во Европа.
- Апелирам до Европа повеќе да направи, истакна Бан на почетокот на 70. сесија на Генералното собрание на ОН.
Тој посочи дека по Втората светска војна жителите на Европа побарале помош од целиот свет.
- Треба да реагираме, придржувајќи се до критериумите на меѓународното хуманитарно право и човековите права. Треба да се бориме против дискриминацијата. Во 21 век не треба да градиме огради или ѕидови, наведе Бан.
Тој првпат апелираше Меѓународниот кривичен суд да биде задолжен за ситуациајта во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Талат Џафери: Не чувствувам потреба да се извинам за пцовките
-
Зеленски сака разговор само со Путин, без посредници
-
Најмалку едно лице загина при ракетирање на Запорожје
-
Андриушченко: Во Мариупол загинаа најмалку 22.000 луѓе
-
Четиринаесетгодишник осомничен за разбојништво во Скопје
-
Тешка сообраќајна несреќа утринава кај Веро „Тафталиџе“
-
Во Сараево евакуирани основни училишта по дојава за поставена бомба
-
РПЦ го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ