Балкански форум за инфраструктура, развојни мрежи, претприемништвото и иновацијата во Солун
Министри, претставници на комори и организации од Северна Македонија, Бугарија, Романија, Србија и домаќинот Грција, ќе учествуваат и ќе дискутираат на Првиот Балкански Форум за инфраструктура и развојни мрежи, како и за промоција на претприемништвото и иновацијата, што во петок и сабота на 5 и 6 април ќе се одржи во Солун, во организација на грчкото Министерство за Македонија и Тракија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според драфт агендата, од министерството – домаќин, предвидено е од Северна Македонија да учествуваат министерот за транспортот и врски, Горан Сугарески и министерот за економија, Крешник Бектеши, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери, Миле Димитровски и претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев.
На почетокот на форумот ќе се обрати заменик министерката за Македонија и Тракија, Елефтерија Хаѕигеоргиу, а вицепремиерот на грчката Влада, Јанис Драгасакис ќе говори на тема „Балканската соработка и ко-развој, можности и перспективи“
За иницијативите за промоција на соработката меѓу балканските земји во претприемништвото и иновацијата обраќање ќе има министерот Бектеши, заедно со неговите колеги од Грција, Романија и Србија.
На тема „Постоечкото ниво на бизнис, транспортните, индустриските, технолошките и енергетските инфраструктури и мрежи на балканско ниво“, а ќе говорат претседатели и претставници на техничките комори од Северна Македонија, Србија, Бугарија и домаќинот Грција.
Заменик министерката за Македонија и Грција што е во рамки на Министерството за внатрешни работи на Грција, на прес конференцијата посветена на претстојниот форум рече дека „на Балканот му треба пред сѐ стабилност, економска поддршка, безбедност и просперитет“. Елефтериа Хаѕигеоргиу вели дека целта на форумот е да се промовира соработката и заедничкиот развој на регионот а предмет на разговор ќе биде приближување на економските позиции на Балканот преку модернизација и развој на бизнис, транспортни, технолошки и енергетски инфраструктури и мрежи.
Првиот Балкански форум ќе се одржи во просториите на Меѓународниот саем во Солун.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола