Балкан
15. October 2015 - 14:16

Балканот под вода - Прекината настава, отсечени места без струја..

Најкритично е во Мостар и во Читлук, каде што се блокирани голем број на возила. Во Босна и Херцеговина е во сила портокалово предупредување поради големите поплави што ја зафатија земјата. Веќе неколку дена непрекинато паѓа дожд и надлежните интервенираат со испумпување на водата од улиците и од дворовите на куќите.Слична е состојбата и во Хрватска, а истото може да се очекува и во Македонија, со оглед на тоа што метеоролозите предвидуваат обилни врнежи.