Балетот го одбележува 70-годишниот јубилеј

Изложбата „Животот во движење“ што Балетот ја подготви за да го прикаже својот седумдецениски развој беше отворена вечерва во Националната опера и балет.
Изложбата е конципирана во седум делови и секој е историјат за премиерите во одделна декада и прикажува фотографии од уметниците и од изведбите, каталози, костими и костимографски скици за претставите, медиумски написи и 19 оригинални плакати за балетски премиери, меѓу кои и за првата – „Валпургиска ноќ“, стар 70 години. Изложбата во НОБ ќе биде поставена два месеца, а во план е да гостува во повеќе градови низ земјава. Идејата и реализацијата на изложбата е на Наташа Јосифовска
Директорката на Балетот Олга Панго порача дека денес се насочени кон оние кои со сигурен творечки максимум влегуваат во веќе сосема изградената уметничка физиономија на балетскиот ансамбл, уметници кои со своите креативни дострели излегуваат од границите на нашава земја.
По изложбата се одржува гала балетскиот концерт во два дела – класичен и модерен балет на кој по повод 70-годишниот јубилеј ќе настапи целиот балетски ансамбл и гости солисти од неколку земји.
На вечерашната свеченост беа доделени и благодарници на сите што придонеле во развојот на Балетот во изминатите 70 години, почнувајќи постхумно за основоположникот на балетскиот ансамбл Ѓорѓи Македонски – кореограф на првата балетска претстава, па сè до поновите генерации балетски уметници.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
