-->
-->
Баксуз или среќа, Македонија 13-та репрезентација во светот!
-->
По завршувањето на осминафиналните дуели на СП во Франција познат е пласманот на елиминираните селекции. Македонија конечно го заврши настапот како 13-та земја во ракометниот свет.
Од оние репрезентации кои се редовни учесници на големите натпреварувања и играа осминафинале зад нас се Бразил, Исланд и Белорусија. Додека, пак, кога ќе се собере севкупниот пласман, под Македонија има уште 11 репрезентации.
Ова 5-то СП за нас и имаме послаб пласман од претходниот Мундијал во Катар кога бевме 9-ти, додека на првиот во 2013 година во Шпанија бевме 14-ти. Дали пласманот на 13-тото место ќе ни донесе баксуз или среќа ќе покажат следните квалификации за ЕП.
Самиот пласман на континенталното натпреварување ќе биде голем успех за оваа подмладена репрезентација додека се друго ќе биде фијаско!
Да потсетиме дека во два наврати игравме само во групната фаза. На турнирот во Хрватска во 2009 година, Македонија беше 11. пласирана, додека на првиот настап во далечната 1999 година, единствен пат не ја поминавме групата и на крајот Македонија беше пласирана на 18 позиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси
-
Нови детали од тешката сообраќајна несреќа во Србија - Загина петчленото семејство
-
Тежок судир воено и цивилно возило во Србија, две лица загинати
-
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
-
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
-
Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар
-
Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода
-
Најмалку 13 цивили загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа