Ракомет
23. January 2017 - 9:01

Баксуз или среќа, Македонија 13-та репрезентација во светот!

По завршувањето на осминафиналните дуели на СП во Франција  познат е пласманот на елиминираните селекции. Македонија конечно го заврши настапот како 13-та земја во ракометниот свет. 

Од оние репрезентации кои се редовни учесници на големите натпреварувања и играа осминафинале зад нас  се Бразил, Исланд и Белорусија. Додека, пак, кога ќе се собере севкупниот пласман, под Македонија има уште 11 репрезентации.
 
Ова 5-то СП за нас и имаме послаб пласман од претходниот Мундијал во Катар кога бевме 9-ти, додека на првиот во 2013 година  во Шпанија бевме 14-ти. Дали пласманот на 13-тото место ќе ни донесе баксуз или среќа ќе покажат следните квалификации за ЕП. 
Самиот пласман на континенталното натпреварување ќе биде голем успех за оваа подмладена репрезентација додека се друго ќе биде фијаско!
 
Да потсетиме дека во два наврати игравме само во групната фаза. На турнирот во Хрватска во 2009 година, Македонија беше 11. пласирана, додека на првиот настап во далечната 1999 година, единствен пат не ја поминавме групата и на крајот Македонија беше пласирана на 18 позиција.