Македонија
4. December 2023 - 16:59

Бајрактаров: Психопати и луѓе без морал можат да извршат убиство на дете

Психопати, социопати, луѓе без морал и чувство на каење..Од психијатриски аспект вака изгледа дијагнозата на лица кои киднапираат, вршат убиство и го закопуваат телото на малолетно дете. Случајот со Вања Горчевска ја потресе целата јавност а родителите се во најголем шок и страв. Психијатарот Стојан Бајрактаров вели дека оние што посегнале по детски живот се препознатливи во општеството и се чести сторители или на прекршочни или на кривични дела.

-Тие често се претставуваат дека тие се бранители на интегритетот или моралот во општеството и ги претставуваат своите агресивни..односно дека други го прават тоа што тие се, тие се луѓе од кои околината се плаши, се плашат да влезат во конфликт со нив. Тие се свесни дека тоа што го прават не е во ред, но немаат чуство на вина, на морал дека тоа е нешто казнивно или општествено неприфатливо, туку гледаат само за своите потреби, вели д-р Стојан Бајрактаров, директор на Клиника за психијатрија.

Да се вратат изгубените норми и вредности во општеството. Да се спротиставуваме на ваквите појави а не да ги игнорираме и секое дело да биде казниво, апелираат психијатрите.

-Треба многу анализи, социолошки, економски, општествени ---зошто ова ни се случува. Тоа е само еден дел од програмата дека системот на казнивост мора да постои, бидејќи психопатите се учат само од казни. Меѓутоа не е само тоа, треба многу други работи за да бидеме посречно општество, вели Бајрактаров.

Зголеменото насилство не е во пораст само кај нас. Но за  овој монструозен чин освен казни за виновниците мора и сериозни системски промени.