Бајден загрижен поради кинеските хиперсонични ракети
– Американскиот претседател Џо Бајден денеска изрази загриженост поради кинеските хиперсонични ракети, неколку дена откако медиумите објавија дека Пекинг тестирал хиперсонични ракети способни да носат нуклеарно оружје.
Запрашан од новинарите дали е загрижен поради кинеските хиперсонични ракети, Бајден одговори потврдно. Белата куќа претходно изрази загриженост поради развојот на кинеските системи за оружје, откако таа азиска земја објави дека тестира хиперсонична ракета.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, не сакаше да коментира само за лансирањето на проектилот за време на нејзината прес-конференција.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави претходно дека Вашингтон внимателно го следи развојот на кинеските системи за напредни оружја, но одби да го коментира директно извештајот дека Пекинг тестирал хиперсонична ракета способна да носи нуклеарна боева глава.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата