Бајден: За исламофобија нема место во нашата земја

Американскиот претседател Џо Бајден го осуди „опасното обновување на исламофобијата по почетокот на разорната војна во Газа“, пренесоа британските медиуми.
Белата куќа ја објави својата изјава по повод денешниот Меѓународен ден против исламофобијата. На 15 март 2019 година, во напад на две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч загинаа 51 муслиман кои се собраа на петочната молитва. ОН го прогласија овој датум како Меѓународен ден против исламофобијата во 2021 година.
Во последно време, бранителите на човековите права забележаа зголемување на исламофобијата, антипалестинските чувства и антисемитизмот и во Соединетите Држави и во други земји.
Советот за американско-исламски односи соопшти дека примил 3.578 жалби во последните три месеци од минатата година и дека гледа „тековен бран на антимуслиманска и антипалестинска омраза“. Бројот на поднесени претставки во однос на истиот период од претходната година бележи скок од 178 отсто.
-Признаваме дека муслиманите премногу често се соочуваат со насилство и омраза поради нивните религиозни убедувања и дека има опасно обновување на исламофобијата од почетокот на разорната војна во Газа. Исламофобијата нема место во нашата земја, напиша Бајден во својата изјава.
Државниот секретар Ентони Блинкен исто така ја осуди омразата и насилството врз муслиманите.
Групите за човекови права го споредија обновувањето на исламофобијата по 7 октомври со стигматизирањето на исламофобијата по нападите на 11 септември 2001 година.
Палестинските исламистички милитанти од Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе, според израелските податоци. Палестинското Министерство за здравство во Појасот Газа соопшти дека бројот на загинати од израелската офанзива надминува 31.000.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
