Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје.
Во интервју за Еј-Би-Си Њуз, тој одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување за Хантер. Тој исто така одговори со „да“ на прашањето дали ќе ја прифати пресудата во судскиот процес кој почна неделава.
Доколку биде осуден по сите точки од обвинението во Делавер, Хантер Бајден се соочува со затворска казна до 25 години, иако обвинетите обично добиваат пократки казни, според американското Министерство за правда.
Хантер Бајден, чие судење почна во вторникот, е обвинет дека не пријавил употреба на дрога кога купил пиштол во 2018 година и нелегално поседувал пиштол 11 дена во октомври 2018 година.
Тој се изјасни за невин.
Хантер Бајден е прв син на еден американски претседател кој е кривично гонет додека неговиот татко се уште е на власт.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото