Бајден укина неколку уредби донесени во време на Трамп
Американскиот претседател Џо Бајден укина серија одлуки донесени од неговиот претходник во Белата куќа, Доналд Трамп, вклучително и декрет за забрана за влез на имигранти во САД кои не можат да си дозволат здравствено осигурување.
„Мојата администрација е посветена на обезбедување квалитетно, достапно здравствено осигурување на луѓето во САД, вклучително и на државјани кои не се од САД“, рече Бајден по повлекувањето одлуки.
Бајден исто така ја поништи одлуката во врска со судско гонење и казнување вандали кои ги оштетуваа спомениците, што Трамп ја донесе минатата година за време на немирите кога беа урнати статуите по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец.
Меѓу уредбите што се повлечени е и онаа што се однесува на подигање на бисти на одредени американски историски личности што ги избра Трамп.
Бајден, меѓу другите, ја укина уредбата насочена кон „цензурирање“ на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
