Балкан
17. August 2016 - 9:02

Бајден танцуваше со Салвета на Скадарлија

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден кој вчера престојуваше во Белград ја искористи посетата освен за средби со српскиот државен врв, и да прошета низ Скадарлија. Со него беше и амбасадорот на САД Кајл Скот.

Тие во белградскиот боемски кварт пристигнаа околу 19.30 часот, непосредно пред заминувањето на високиот американски функционер од Белград.

Вучиќ на Бајден му беше „водич“ низ најпознатиот кварт на Белград и толкувач на традиционалните ракотворби кои се исложени на штандовите.

Еден оркестар ја свирел песнаа на Звонко Богдан „Крај језера една куча мала...“, а Бајден на тие звуци кратко танцуваше со вокалната солистка и актерка Љиљана Јакшиќ, позната по улогата на Цалвета во хумористичната серија „Курсаџии“.

-Ви благодарам на гостопримството, жал мие, морам да одам, ви благодарам на љубезноста, им рече Бајден на крајот од посетата на Скадарлија.

Потоа тој замина во Приштина.