Бајден претстави нов план од 1,9 трилиона долари за помош на Американците во време на пандемијата
Избраниот претседател на САД, Џо Бајден, синоќа го претстави својот план во висина од 1,9 трилиона американски долари за помош на Американците за справување со економската криза и за борба со Ковид-19.
Во обраќањето, синоќа, од Вилмингтон, Делавер, тој ги посочи неговите приоритети поврзани со пандемијата во првите недели од неговиот мандат. Го повика Конгресот да одобри 1.400 долари еднократни директни исплати за голем дел од домаќинствата, 400 долари неделни исплати за невработените до септември, зголемен платен одмор како и зголемени кредити за детски данок.
Помошта за американските домаќинства изнесува половина од вкупната сума на пакетот мерки, додека другата половина е за дистрибуција на вакцината и за субвенции за државните и локалните власти.
-Мораме да дејствуваме и да дејствуваме веднаш, кажа Бајден.
Додаде дека со ова, долговите на САД ќе се стабилизираат, „ако не го пропуштиме моментот, тоа треба да го направиме со визија и цел“.
Бајден има план и за отварање на училиштата во САД од прво до осмо одделение кои не работат поради пандемијата. Тоа треба да се случи во неговите први сто денови, со помош во висина од 170 милијарди долари.
Пакетот мерки за Американците донесен во декември беше во визина од 900 милијарди долари, додека оној во март беше во висина од два трилиона долари.
Демократот Бајден треба да го започне претседателскиот мандат во среда, следната недела, во време кога дневните смртни случаи од коронавирус во САД достигаат над 3.000 лица.
Ново на Сител
-
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД
-
Владина иницијатива за разрешување на Коцевски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ
-
Две девојки се степале во автобус на ЈСП
-
20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје
-
Косовец пробал да криумчари 1.260 ампули и 4.410 таблети од разни лекови и стероиди, поднесена пријава