Бајден позитивен на Ковид-19
Претседателот на САД Џо Бајден се тестираше позитивно за Ковид додека водеше кампања во Невада и има благи симптоми, соопшти синоќа Белата куќа. Бајден изјави дека во наредните денови ќе се изолира во својот дом во Делавер.
Болеста за него доаѓа во неудобно време кога сè повеќе демократски првенци повикуваат да се откаже од изборите и да му даде шанса на помлад кандидат кој може да го победи Доналд Трамп, претседателскиот кандидат на републиканците, јави дописникот на МИА.
Во изјавата се вели дека Бајден е вакциниран и има примено засилувачка вакцини и дека ќе се изолира во Делавер додека ги исполнува „целосно своите обврски“.
Според лекарот на претседателот, Бајден имал настинка, кашлица и омалаксаност, но се чувствувал добро во текот на првиот ден на настанот во Невада. Потоа бил тестиран за Ковид и тестот се покажал позитивен.
Се дознава дека респираторниот ритам и нивото на кислород на Бајден се нормални и дека му била дадена прва доза од лекот Паксловид.
-Се тестирав позитивно за Ковид попладнево, но се чувствувам добро и благодарам на сите за добрите желби, напиша Бајден во порака на Х.
-Ќе се изолирам додека закрепнувам и во меѓувреме ќе продолжам да работам за да ја завршиме работата за Американскиот народ.
Бајден се разболи од Ковид-19 во неудобен час кога сè повеќе демократски лидери повикаа да се откаже од изборите и да му даде шанса на помлад кандидат кој може да го победи Доналд Трамп, претседателскиот кандидат на републиканците.
Бајден претходно изјави дека може да се откаже но само во случај на болест или ако биде убеден од опасноста за повторно враќање на Трамп во Белата куќа.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина