Бајден: Нема да му дозволам на Трамп да ги украде изборите

Демократскиот претседателски кандидат на изборите во САД, Џо Бајден вчера предупреди дека нема да дозволи претседателот Доналд Трамп да прогласи победа на изборите во вторник пред резултатите да бидат јасни.
– Мојот одговор е дека претседателот нема да ги украде овие избори, изјави Бајден пред новинарите за време на предизборен настан во Филаделфија.
Тој исто така ги осуди напорите на приврзаниците на Трамп да ги заплашат приврзаниците на Бајден, како што беше инцидентот во Тексас и Њу Џерси во петокот и неделата.
– Луѓе, не сме ние, рече тој. – Ние сме многу подобри од тоа.,
Во медиумите се појавија спекулации дека Трамп им рекол на своите соработници дека има намера да објави порано победа, дури и ако резултатот всушност не е познат.
Демократите предупредуваа пред неколку месеци дека шефот на државата нема лесно да ја напушти Белата куќа.
Според анкетата на „Фокс њуз“ кандидатот на демократите има 8 поени предност пред Трамп.
Ново на Сител
-

Се затрупува крушевската депонија за да се спречи нејзино запалување и пожар на околната шума
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
