Бајден: Имаме можност да го искорениме системскиот расизам

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, во видео порака за Денот на независноста, ги повика Американците да се борат со расната нееднаквост, нагласувајќи дека „имаме можност да го искорениме системскиот расизам“.
-Нашата нација е темелена на едноставна идеја: сите сме создадени еднакви. Тоа никогаш не го постигнавме, но никогаш не престанавме да се обидуваме. На Денот на независноста не треба да ги славиме само овие зборови, туку треба да се обврземе дека конечно ќе ги оствариме, истакна Бајден во видеото обраќањето на Твитер.
Осврнувајќи се на долгата историја на Америка за расна нееднаквост, од робовладетелството до смртта на Џорџ Флојд, Бајден ги повика Американците да се стремат кон идеалот за еднаквост врз кој е втемелена земјата, пренесе Фокс њуз.
„Американската историја не е бајка затоа што земјата никогаш не ги исполни зборовите од Декларацијата за независност – дека сите луѓе се создадени еднакви“, истакна Бајден.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
