Балкан
17. August 2016 - 17:05

Бајден: Или демаркација и СЗО или губење на поддршката од САД

Потпретседателот на САД, Џо Бајден денека во Приштина побара од политичките лидери да го ратификуваат Договорот за демаркација со Црна Гора и да овозможат формирање Заедница на српски општини (ЗСО) во Косово, а во спротивно би ја изгубиле поддршката од Вашингтон.

Бајден на заедничка прес-конгеренција со косовскиот претседател Хашим Тачи истакна дека Договорот за формирање на  ЗСО ќе има позитивно влијание врз целиот регион.

Тој исто така и порача на Приштина да соработува со своите соседи, додавајќи оти Тачи и косовскиот претседател Иса Мустафа позитивно се изјасниле за продолжување на дијалогот со Белград.

- Тоа ќе биде тешко, но неопходно. Со (премиерот Александар) Вучиќ исто така разговарав за тоа прашање, истакна Бајден. 

Американскиот потпретседател истакна дека единствен начин Косово да тргне напред е да промовира помирување.

- Ние сакаме да имаме силно мултиетничко Косово, посочи Бајден.

Тој додаде и дека очекува власта во целост да ја спроведе борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Тачи наведе дека дијалогот со Белград набрзо ќе биде на дневен ред, додека Договорот за демаркација со Црна Гора го оцени како фер договор.