Бајден и Макрон разговараа за прекин на огнот во Либан
– Претседателот на САД и на Франција, Џо Бајден и Емануел Макрон синоќа телефонски разговараа за можноста за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах во Либан, соопшти Белата куќа.
Како што се наведува во соопштението Бајден и Макрон се договориле „да останат во контакт, директно и преку своите тимови за државна безбедност“.
САД и Франција на крајот од септември иницираа предлог за прекин на огнот во Либан, што не беше прифатен, но тие сè уште работат на тоа.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Амос Хохштајн изминатите денови беше во посета на Либан и на Израел во обид да постигне примирје.
На 23 септември израелската армија изврши големи напади во Либан против Хезболах, кој од 7 октомври 2023 година со нападите врз Израел го поддржува палестинскиот Хамас, против кого Израел оттогаш води војна во Појасот Газа.
Израел соопшти дека ќе го уништи Хезболах, што ќе овозможи враќање на 60,000 жители на северен Израел раселени поради конфликтот.
Од октомври минатата година во судирите помеѓу Израел и Хезболах загинаа 3,558 луѓе во Либан и 82 војници и 47 цивили убиени се во Израел.
Ново на Сител
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници