Бајден го потпиша законот за заштита на истополовите бракови
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во Белата куќа, пред голем број гости, го потпиша законот за заштита на истополовите бракови на целата територија на САД.
Потпишувајќи го документот, американскиот претседател го изрази своето задоволство од „одлучниот напредок кон еднаквост, слобода и правда, не само за некои, туку и за сите“.
Ова е посебен момент за американскиот претседател, кој пред десет години, кога беше потпретседател на Барак Обама, јавно се залагаше за брак за сите.
Бајден покани во градината на Белата куќа „група парламентарни претставници“ од редовите на демократите и републиканците, како и „активистите и луѓе кои водеа правни постапки за правото на секој да се венча“. Меѓу гостите имаше музички и филмски ѕвезди.
Од 2015 година, истополовите заедници се заштитени од Врховниот суд на САД. Но, по историскиот пресврт на тој суд за абортусот во јуни, многу либерали стравуваат дека и ова право може да биде укинато.
Новиот закон ги укинува претходните закони кои го дефинираа бракот како заедница на маж и жена и им забранува на матичарите – без оглед на тоа во која сојузна држава работат – да ги дискриминираат двојките „врз основа на пол, раса, етничка припадност и потекло“.
Сите демократски претставници и 39 републикански претставници гласаа за новиот закон (Закон за почитување на бракот), а против беа 169 членови на конзервативната партија.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области