Бајден го нарече Путин луд кучкин син, Кремљ ја оцени изјавата како „срамна“
Американскиот претседател Џо Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“ во синоќешниот говор на собирање средства за неговата кампања.
Бајден зборуваше за климатските промени кога вклучи критики за Путин.
- Имаме луди кучкини синови како Путин и другите, и постојано мораме да се грижиме за нуклеарен конфликт, додека егзистенцијална закана за човештвото е климата, изјави синоќа Бајден.
Тој им се обрати на донаторите во приватен дом во Сан Франциско како дел од тридневното собирање средства за кампањата за претседателските избори во ноември, кога ќе се кандидира за втор мандат.
Портпаролот на Кремљ изјавите на американскиот претседател Бајден денеска ги оцени како „срамни“.
„Огромен срам за САД е ако претседателот на таква земја користи таков јазик, тоа е навистина страшно“, оцени денеска портпаролот Дмитриј Песков.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД