Loading Video...
Свет
7. January 2021 - 19:43

Бајден е новиот претседател – 4-ца мртви при упадот во Капитол Хил – Паднаа и првите оставки

Соработниците на Трамп почнаа со оставки. Мик Молвејни и Стефани Гришам се први кои си заминуваат. Молвејни е поранешен шеф на претседателската канцеларија и специјален пратеник на Трамп во Северна Ирска, а Гришам е шефица на канцеларијата на првата дама Меланија. Американските медиуми најавуваат дека ова се само првите од низата оставки кои ќе следат по бурната ноќ во Вашингтон.

Четири лица загинаа, над 50 се приведени по настаните во американскиот Конгрес кога поддржувачите на Трамп ја зазедоа зградата синоќа. Градоначалничката на Вашингтон прогласи полициски час во текот на ноќта. Откако ситуацијата беше ставена под контрола, Конгресот го потврди Бајден за нов американски претседател. Инаугурацијата е закажана за 20 јануари, а Трамп најави мирна транзиција иако не се согласува во целост со изборните резултати.

И републиканците, сопратијците на Трамп ги осудија и се оградија од синоќешните настани во Конгресот.

Осуда за синоќешните настани во Вашингтон изразија голем број лидери од целиот свет.