Багдад: Нема докази дека ИД користела хемиско оружје во Мосул

Постојаниот претставник на Ирак во ОН, Мохамед Алхаким изјави дека засега нема докази оти џихадистичката група Исламска држава (ИД) користела хемиско оружје при напади во ирачкиот град Мосул.
Реакцијата на Алхаким следи откако пред една недела Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека во болница во близината на Мосул биле хоспитализирани седум лица, од кои пет деца, со симптоми на труење предизвикани од хемиско оружје.
ОН пак од своја страна соопшти дека од 1 март со слични симптоми биле хоспитализирани 12 лица од реонот на Мосул.
И двете организации во своите соопштенија не посочија кого сметаат за одговорен за користење на хемиско оружје.
- Нема никакви докази дека ИД користела хемиско оружје, изјави синоќа Алхами на заседанието на Советот за безбедност на ОН посветено на Ирак.
Тој нагласи дека Ирак е во контакт со Организацијата за забрана на хемиски оружја и дека е можно таа да испрати свои експерти за да ги проверат тврдењата за напади со хемиски супстанци.
По седницата на Советот, британскиот претставник во ОН, Метју Рајкрофт изјави дека ирачката истрага за нападите со хемиско оружје се уште не е завршена и дека очекува докази за ваквите тврдења на Багдад.
Пентагон неодамна соопшти дека ИД ги користела лабораториите на Универзитетот во Мосул за производство на хемиско оружје со гасот иперит.
Ново на Сител
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
