Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
Бадникова поворка ќе се реализира во понеделник од десет часот во Кавадарци, информираат од Кавадаречкото архиерејско намесништво.
- На петти јануари, недела во 09:30 часот, покануваме дечиња да дојдат во храмот „Света Петка". По завршување на литургијата, ќе има средба и разговор за бадниковата поворка. Во меѓувреме тие што се во можност, да направат ѕвезди и да ги земат со себе на шести јануари. Тие што не можат да изработат ѕвезда, за нив ќе има во храмот, да си земат на петти јануари кога ќе дојдат во црквата. Материјалите зa изработка на ѕвезди, може да се земат од храмот „Света Петка". Сите деца се добредојдени, соопштија од Архиерејското намесништво.
Со Бадниковата поворка и пеење на песната „Вечниот бог", традиционално се најавува Христовото раѓање.
Ново на Сител
-
Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации
-
МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ
-
Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната