Бадникова поворка во Гевгелија го најави Христовото раѓање
– Во организација на Гевгелиското архиерејско намесништво, денеска се одржа Бадниковата поворка во која околу 150 деца, придружувани од многу граѓани на Гевгелија, носејќи ја стилизираната пештера во која се родил синот божји, со песна го најавија Христовото раѓање.
Веселата поворка тргна од црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ и помина по улиците низ централното градско подрачје на Гевгелија со пеење на песната „Вечниот Бог“ со која децата бадникари го слават рождеството Христово.
Градската обиколка Бадниковата поворка ја заврши на метото од каде што и тргна, во црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ каде што децата учесници беа дарувани со новогодишни подароци и сликовници од настанот на кој му претходеше света божествена литургија за здравје на луѓето, нивно спасение и напредок.
Ново на Сител
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
