Македонија
5. January 2020 - 22:48

Бадникарски огнови вечерва низ целата држава - МПЦ не дава поддршка, општините не донираат дрва

Во речиси секоја населба граѓаните ги запалија традиционалните бадникови огнови. Со оро на македонски песни ги најавија утрешните коледарчиња кои, пак, утре ќе го најават исусовото раѓање.

Со риба, посна сарма, греани вино и ракија православните христијани се собраа за да прослават. Велат, бројот на огнови е намален, но луѓето се уште се собираат.

-Дебармаалци годинава се најкреативни. Па наместо да го запалат бадниковиот оган, решија да го емитуваат преку проектор.

Властите, здруженијата, но и Македонската православна црква апелираа да не се палат огнови на отворено. Локалните самоуправи и годинава не донираа дрва за огрев, туку апелираа тие да се донираат на сиромашните. Црквата повторно на ставот дека станува збор за пагански обичај.