Loading Video...
Ракомет
25. October 2021 - 14:47

Бабиќ: Шафхаузен не е непобедлив

 
По неуспешниот старт на сезоната во Европската лига и убедливиот пораз на домашен терен од францускиот Ним со 26-21 во првото коло, утре пелистерци ќе имаат тешко гостување во Швајцарија кај екипата на Кадетен Шафхаузен. 
 
Тренерот Жељко Бабиќ е свесен дека ги очекува тежок меч, но верува дека неговите израници можат да остварат победа. 
 
„Шафхаузен е тим кој има голема традиција. Тие се силен тим, кој трча многу и игра цврста одбрана. Сигурно дека играме против сериозен противник 
против кого верувам дека ќе победиме. Одиме во Швајцарија со почит, но тоа е меч на кој можеме да победиме “, изјави Хрватот.
 
Натпреварот меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер се утре  во терминот од 18 часот и 45 минути.