Живот
25. јуни 2016 - 11:52

Бабата победи: Девојката ја нападна зошто и гледа во тетоважата, па се покаја кога го слушна одговорот!

Добро е позната приказната за јазот меѓу генерациите и дека младите секогаш велат дека не ги разбираат старите. Тие пак често ја кажуваат изреката - „Го немаше ова во наше време“. Оваа приказна е доказ дека клишеата се тука за да бидат уништени и дека секогаш постојат исклучоци.
 
Всушност, многу корисници ја споделија оваа анегдота, која не знаеме дали е вистина, но би можела да биед. Бидејќи младите не секогаш се во право.
 
Прочитајте го овој статус...
- Во автобус, покрај една девојка стоела баба која гледала во нејзината тетоважа на вратот...
 
- Што е бабо, во вашето време немаше тетоважи? Зошто ме гледаш?
 
- Ќерко во моето време имаше се... Јас 30 години живеев во Азија, а потоа предавав кинески јазик на факултет.
 
Едноставно не можам да сфатам зошто на вратот со кинески букци ти пишува „ Тоа што еднаш ќе се одмрзне, не го замрзнувајте повторно“.
 
Внимавајте што тетовирате и каде, можеби ќе ја сретнете оваа баба...