Живот
10. May 2016 - 19:21

Баба роди бебе на свои 70 години

Далјиндер Каур од Индија минатиот месец стана мајка и тоа во 70. година. Синот го добила со ин витро оплодување и рече дека мајчинството и го направило животот комплетен.

На неа и на нејзиниот 9 години постар сопруг им се исполни голема желба. Далјиндер две години се обидувал со ин витро оплодување да стане мајка.

Роденото бебе било тешко 2 килограми.

-Ќе можам да се грижам за бебето, имам толку енергија. Мојот сопруг исто така е многу внимателен и ми помага колку може, рече мајката.

Тие двајцата речиси изгубија надеж дека некогаш ќе добијат дете. Во брак се 46 години и порачаа дека Бог конечно ги слушнал нивните молитви.

На вонтелесно облодување се одлучиле кога на телевизија виделе реклама за тоа. Случајот на оваа мајка е редок, иако во 2008 година е забележан случај кога 72. годишна жена со ин витро добила бебе.