Б92: Томислав Николиќ,сепак, не влегува во претседателската трка
Српскиот претседател Томислав Николиќ најверојатно нема да влезе во трката за нов мандат, неофицијално дознава „Б92“ од кругови блиски до поранешниот претседател на Сrпската народна партија (СНС).
Како што се најавува, одлуката треба да биде потврдена во текот на денот, откако ќе се сретнат Николиќ и актуелниот српски премиер и лидер на СНС, Александар Вучиќ.
Николиќ вчера изјави дека „се уште чека на договор со Вучиќ“, додека премиерот во текот на денот кажа дека со Николиќ „ќе разговара кога било и за што било“, но дека нема да се согласи со тоа што јавноста „наметнува ријалитио шоу“.
Од опкружувањето на Николиќ за „Б92“ претходно кажаа дека во текот на денот се очекува средбата Николиќ - Вучиќ, како и дека изминатите денови имало контакти, кога се слушнале и „посмирени тонови“.
Истовремено, извори од кабинетот на премиерот, за „Б92“ и за другите медиуми и агенции демантираа дека имало телефонски разговор меѓу нив пред седницата на Главниот одбор на СНС.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика