Азербејџан окупира област близу Карабах, изгубена пред скоро 30 години
Азербејџан соопшти дека нивни трупи влегле во погранична област со Нагорно Карабах, што беше предадена од ерменските сепаратисти по речиси 30 години, како дел од мировниот договор со посредство на Русија.
Денеска војниците влегоа во областа Агдам, една од трите кои Ерменците ќе ги предадат, објави Министерството за одбрана на Азербејџан. Вчера колони од ерменски војници и тенкови ја напуштија територијата.
Ереван, исто така, ќе го предаде регионот Келбајар меѓу Карабах и Ерменија на 25 ноември и регионот Лачин на 1 декември. Азербејџан и ерменските сепаратисти влегоа во шестнеделна крвава војна за Нагорно Карабах кон крајот на септември. Илјадници беа убиени, а многумина беа принудени да ги напуштат своите домови за време на конфликтот.
Минатата недела двете завојувани страни се согласија на рамката за ставање крај на конфликтот, со посредство на Русија. Москва испрати мировници во регионот и побара Ерменија да му ја предаде територијата на Азербејџан.
Ново на Сител
-
ТАВ Македонија: Нашиот вработен не се обиде да и го одземе телефонот на косовската претседателка Османи
-
Повреден пожарникар од Струмица при гаснење пожар
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
-
Трамп: Ќе поднесам оставка доколку моето здравје се влоши за време на функцијата
-
Мицкоски: Илинден е историска вистина и нашиот најсилен повик за акција и единство денес
-
ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци, полицијата трага по сторителите
-
Турција го блокираше пристапот до Инстаграм
-
Во Крушево почна одбележувањето на 2 Август