-->
-->
Азар: Не е лесно да се носи „седумката“ по Роналдо и Раул
-->
Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар истакна дека не чувствува притисок да се носи со статусот наследник на Кристијано Роналдо. Белгиецот, откако се приклучи на тимот во текот на летото, го зеде бројот „7“ кој претходно му припаѓаше на Португалецот.
– Секако, не е лесно да се носи „7“ на дресот по Роналдо и Раул. Но, кога излегувам на теренот, не размислувам за бројот на мојот грб, затоа што само играм за тимот. Многу ми е драго што можам да играм на „Сантијаго Бернабеу“ и да го претставувам најдобриот клуб во светот – изјави Азар.
Кристијано Роналдо беше дел од Реал од 2009-2018 година, додека Раул беше во „кралскиот клуб“ од 1994-2010 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Здравствените работници и здруженија бараат расчистување на случајот со бебето а не осуда без докази
-
Турските воздухоплови слетаа во Македонија: Помош очекуваме и од други земји за гаснењето на пожарите
-
Бизнисот ќе добие 250 милиони евра од 500-те кои владата ги договори со Унгарија
-
Грчки аналитичари: „Тајното оружје“на Мицотакис не е вето ниту замрзнување на европски фондови
-
Судиите се лути на Уставен, судот се додворувал на законодавната власт
-
Две третини од полуматурантите се запишале во стручни училишта
-
Младите ја вадат сезоната во Охрид