Автопатот Демир Капија – Смоквица ќе биден пуштен во употреба во мај догодина
Осумдесет и пет проценти од градежните работи на автопатот Демир Капија – Смоквица се завршени. До Нова година треба да заврши асфалтирањето, а во мај следната година е планирано официјалното пуштање во употреба на овој автопат.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на ЈП за државни патишта направија увид во градежните активности и беа информирани од раководството на компанијата „Актор“ која го гради овој автопат дека по Нова година останува да се заврши електрификацијата на тунелите и на мостовите.
Автопатот Демир Капија – Смоквица почна да се гради во септември 2012 година, а со неговата изградба се очекува да се скрати времето на патување и да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот.
При денешната посета на општина Валандово Груевски го посети и локалниот пат кој ги поврзува селата Башибос и Бајрамос за чија изградба се обезбедени средства од владината Програма за рурален развој. Општина Валандово преку оваа Програма има добиено 20 милиони денари, од кои 15 милиони се инвестирани во изградбата на овој локален пат, а пет милиони денари, како што информираше градоначалникот на Валандово, ќе бидат вложени во изградба на нов покриен зелен пазар на местото на постоечкиот.
Покрај ова, Груевски изврши и увид во активности за уредување на реката Странец за што од страна на општината се инвестирани 400 илјади денари. Со уредувањето на коритото на оваа река се очекува градот да се заштити од евентуални поплави. Градежните активности треба да завршат до 20 септември, а планирано е просторот околу коритото на реката да биде холтикултурно уреден.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.