Автомобилот кој утрово беше украден во М.Каменица, пронајден во запуштено подрачје на река Брегалница
Автомобилот кој утрово беше украден од дворот на каменичанецот Илчо Велков е пронајден напуштен во зафрлено подрачје на река Брегалница во Делчево.
Сопственикот на Сеат „кордоба” истакна дека возилото со видливи каросериски оштетувања е пронајдено во попладневните часови, а во потрагата учествувале негови пријатели.
– Заедно со мои најблиски пријатели, решивме да го пребараме теренот околу реката и езерото на потегот од М.Каменица кон Делчево, бидејки утрово вработени во конфекција кои тргнале на работа ни кажаа дека го виделе автомобилот на пат кон Делчево. Успеавме во потрагата и попладнето возилото го најдовме во запуштен дел на реката Брегалница, вели Велков.
Тој се сомнева дека виновник за кражбата е лице од Делчево кое неодамна е пуштено од затвор.
– Лицето е видено деновививе во близина на М.Каменица и информациите ги последивме до надлежнитее со цел да утврдат дали се работи за споменатото лице или за некој друг, додава Велков.
Иако е оштетен голем дел од долниот дел и каросеријата на автомобилот, оштетениот Велков вели дека автомобилот веќе е на поправка и наскоро истиот повторно ќе може да го користи.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани