Автомобилот доминантно превозно средство во ЕУ, Балканците најмногу летаат и пловат

Автомобилите и натаму остануваат доминантно превозно средство во сите земји на ЕУ во споредба со патувањата со возови, автобуси, авиони или бродови, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, објавени по повод „Европската недела на мобилност“, што секоја година се одбележува од 16 до 22 септември и има за цел да ја подигне свеста за одржлива урбана мобилност.
Според податоците на Евростат, во 2021 година 79,7 отсто од целокупниот патнички превоз во ЕУ се вршел со автомобили, 7,3 проценти со авиони, 7,1 отсто со автобуси, трамваи или тролејбуси, 5,6 со возови и само 0,3 проценти за пловни објекти.
Во споредба со 2011 година, користењето на автомибилите како превозно средство во 2021-та бележи раст за 6,6 процентни поени од тогашниот удел од 73,1 отсто. Од друга страна користењето на јавните превозни средства, како што се возовите, автобусите, трамваите и тролејбусите, бележи намалување за 1,9 процентни поени од 9,0 на 7,1 отсто, а на возовите за еден процентен поен од 6,6 на 5,6 проценти.
Кога станува збор за уделот на воздушниот патнички превоз, тој е намален за 3,6 процентни поени од 10,9 отсто во 2011 на 7,3 проценти во 2021 година.
Гледано по земји, во 2021 година учеството на автомобилскиот во вкупниот патнички превоз било најголемо во Литванија со 91,7 отсто, пред Холандија со 85,4 и Финска со 85,2 проценти.
Автобусите, трамваите и тролејбусите имале најголемо учество во вкупниот транспорт на Малта од 13,3 отсто, пред Унгарија со 12,8 и Ирска со 12,4 проценти.
Со воз најмногу патувале Австријците, во чија земја уделот на железничкиот патнички превоз во вкупниот изнесувал 8,6 проценти, по што следат Франција со 8,3 и Холандија со 8,0 отсто.
Хрватска е убедлив шампион во учеството на воздушниот во вкупниот патнички превоз со 25,4 отсто, далеку пред Бугарија со 16,3 и Шпанија со 13,1 проценти.
Кога станува збор за пловниот превоз и тука Хрватска е водечка со удел од 2,7 проценти, пред уште една балканска земја – Грција со 1,6 и Естонија со 1,5 отсто.
Ново на Сител
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
