Македонија
10. January 2022 - 20:29

Автомобил се заби во автобус „65-ка“ во Ченто

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопската населба Ченто, кога автомобил со голема брзина се судри со автобус со бројот 65, кој сообраќа во населбата, објави Алсат.

На местото се излезени екипи на МВР и на Противпожарната бригада, а сѐ уште нема информации за евентуални жртви и повредени во тешката сообраќајка.