-->
-->
Автомобил Ауди 80 изгоре на патот Делчево
-->

Запалено возило денеска околу 15:00 часот предизвика краток прекин во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица пред село Луковица. Очевидци информираа за голем пламен што можел да се забележи во околината на запаленото возило.
-Несреќата ја забележавме додека возевме во правец од Македонска Каменица кон Делчево. Возилото од марката Ауди 80 целосно беше во пламен се наоѓаше на десната страна од коловозната лента, додека возачот и патниците беа надвор од автомобилот, информираа очевидци.
Како што додаваат, надвор од возилото имало вкупно четири лица кои разговарале на телефон и најверојатно барале помош истото да биде отстрането од коловозот.
Од Територијалната противпожарна и полицијата во М.Каменица информираат дека случајот не е пријавен кај нивните дежурни екипи кои денес биле на работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
